Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк очекува исклучително тежок натпревар против Порто во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Двата тима ќе се соочат утре еден против друг на „Енфилд“, а „змејовите“ дефинитивно имаат кошмари од минатата сезона, бидејќи во една од средбите што се играше на португалска земја, тимот претрпе шокантен пораз со 0:5.

– Противникот дефинитивно не сака да дозволи пораз, каков што допушти минатата година. Без сомнение се соочуваме против еден силен тим, против кого ќе ни биде навистина прилично тешко. Многу е важно да нема никакво потценување од наша страна, бидејќи во оваа фаза на турнирот нема слаби противници. Знаеме колку ќе биде тешко на реваншот во Порто, па ќе треба да вложиме максимални напори да направиме добра предност на „Енфилд“, прокоментира дефанзивецот на прес-конференцијата пред натпреварот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2019 19:29