Поранешниот светски шампион од 1997 година, Жак Вилнев верува дека пилотот на Ред бул, Макс Верстапен е подготвен да се бори за трофејот во Формула 1 шампионатот.

Според него, Холанѓанецот станал многу позрела личност за разлика од порано.

Кога ќе добиеш шанса во Формула 1, мора да ја зграбиш со двете раце. Не треба да се двоумите ни секунда. Макс ја донесе вистинската одлука на почетокот на својата кариера, избирајќи го Ред Бул. Овој тим совршено му одговара затоа што е изграден околу него. Ако отиде во друг систем, јас не мислам дека би можел толку брзо да просперира во Формула 1, смета Вилнев. Макс не успеа да се искачи на тронот во последниве години, но сега тој не е ист како што беше пред три години. Сега е многу позрел и може да се бори за титулата шампион ако го добие вистинскиот болид, додава легендарниот канадски возач во Ф1.

По првите две трки оваа сезона, Верстапен е трет со 27 бода. На првите две места се возачите на Мерцедес, Валтери Ботас со 44 и Луис Хамилтон со 43 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 12:22