Таткото на Макс Верстапен ги демантираше тврдењата дека Тото Волф се јавил на неговиот син, и така индиректно ги отфрли гласините за интерес од страна на Мерцедес.

Претходно, советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко изјави за „Ауто Билд“ дека шефот на германскиот тим се слушал телефонски со пилотот редовно во последниве месеци. Тој спомена и дека во договорот на Холанѓанецот има клаузула, која му овозможува да си замине, ако тимот се претставува слабо.

– Тото никогаш не му ѕвони на Макс. Дури мислам дека нема негов број. Јас понекогаш зборувам со Тото, но тоа е нормално. Ние сме многу задоволни од Ред Бул и од партнерството со Хонда. Работиме заедно за да го оствариме големиот сон, изјави таткото на Макс, Јос Верстапен.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 17:50