Со 37 индекс поени за ефикасност, базирани на 36 поени, седум скока, две асистенции и две украдени топки, кошаркарот на Блокотехна, Брендон Пен од Блокотехна е прогласен за играч на првото коло во рамки на Супер-лигата. објавено е на веб-страницата на Македонската кошаркарска федерација.
Сепак и тоа не беше доволно, гевгеличани да го избегнат поразот од Гостивар (94:98) со што се заокружи првото коло од тековната натпреварувачка сезона (2018/2019) во Супер-лигата.
Гостинските екипи победија и на другите натпревара од првата рунда: Куманово – Работнички 57:75 и Кожув – МЗТ Скопје Аеродром 76:88.
Следи пауза поради натпреварите од завршниот турнир од Купот, предвиден да се одигра претстојниот викенд во Гевгелија.