Завршните натпревари од националниот кошаркарски Куп, кои еднаш беа одложени пореди сообраќајната несреќа кај Ласкарци, ќе се играат од утре до недела во Гевгелија во организација на Општина Гевгелија и кошаркарските прволигаши „Блокотехна“ и „Кожуф“ од Гевгелија.

Домаќините уште еднаш изразија спремност да бидат беспрекорни организатори, а истото го потврди и градоначалникот Сашо Поцков кој рече дека градот на кошарката ќе се потруди да направи незаборавна спортска атмосфера и амбиент и изрази надеж дека барем една од гевгелиските екипи ќе игра во финалето.

Според спортскиот директор Владимир Темелковски, КФМ не се сомнева во успешната организација на завршницата од Куп натпреварите затоа што и досега гевгеличани се покажале како добри организатори и беспрекорни домаќини.

Од денеска, на благајната во спортската сала во Гевгелија почна и продажбата на билетите за трите натпреварувачки денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2019 14:28