Мекларен има одлично поле за развој на автомобилот во 2019 година, бидејќи тие почнаа да работат на автомобилот релативно доцна, признава Карлос Сајнц Џуниор.

Шпанецот објасни дека, и покрај крајно разочарувачката кампања во 2018 година, тимот сакал да ги расчисти проблемите пред да се зафатат со автомобилот за оваа година.

Иако Мекларен заостануваат во однос на своите конкуренти од почетокот на 2019 година, Сајнц смета дека токму тоа им дава повеќе простор за подобрување.

– Ако се споредиме со тоа каде бевме во квалификациите во Абу Даби и каде сме денес, јасно е каков напредок имаме. Мислам дека тимот прави добри чекори во вистинската насока и дека автомобилот има одлично поле за развој, рече Карлос за „Мотоспорт“.

Напредокот на Мекларен е зголемен со доаѓањето во тимот на новиот технички директор, Џејмс Ки, кој се придружи наскоро по Големата награда на Бахреин. Сајнц работеше со него кога и двајцата беа во Торо Росо и смета дека Британецот ќе даде многу придонес во тимот од Вокинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2019 16:31