Раководството на Лос Анџелес Лејкерс го прекина договорот со тренерот Лук Волтон, објави клубот од НБА. 39-годишниот стратег и „езерџиите“ се разделуваат по взаемна согласност.
– Сакам да се заблагодарам за можноста којами беше дадена да ги тренирам Лејкерс. Овој тим и овој град секогаш ќе бидат специјални за мене и моето семејство, изјави Волтон, кој беше на чело на тимот во последните три години.
Според медиумите во САД, главен кандидат за местото тренер на Л.А. Лејкерс е поранешниот тренер на Кливленд – Тајрон Лу.
Иако во тимот ја имаше најголемата ѕвезда на денешницата, Леброн Џејмс, Лејкерс заврши на десеттото место во Западната конференција во регуларната сезона на НБА, што не му овозможи на тимот да се пласира во плеј-офот.
Пред два дена и легендата Меџик Џонсон најави дека се повлекува од функцијата претседател на кошаркарските операции во Лос Анџелес Лејкерс по малку повеќе од две години работа во клубот од НБА