Кошаркарите на Блокотехна се првите учесници во големото финале од кошаркарскиот Куп на Македонија, откако вечерва во Гевгелија го победија Гостивар со 92:87.

Тимот предводен од тренерот Марјан Илиевска до триумфот дојде со подобра игра и резултатски пресврт направен во второто полувреме. А ваков исход не навестуваше првото полувреме во кое доминираа гостиварци и го решија во своја корист со 54:44.

Сепак, во вториот дел, Блокотехна постигна 48 поени, додека противникот застана на само 33.

Брендон Пен со 30 поени беше најзаслужен за историското, прво куп финале на тимот од Гевгелија.

Во поразениот тим се истакна Ефианаи со 20 поени.

Во второто полуфинале вечерва од 20:15 часот ќе се сретнат Работнички и МЗТ Скопје Аеродром.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2019 11:03