Двајца кошаркари на Филаделфија предизвикаа многу коментари со своите акции додека беа на клупата за време на натпреварот со Бруклин од првиот круг од НБА плејофот.
Амир Џонсон и Џоел Ембид беа зснимени како гледаат во телефонот на првиот.
Филаделфија загуби од Бруклин со 102:111, па така Нетс поведоа со 1-0 во серијата.
Сцената предизвика бурна реакција меѓу навивачите.
Подоцна, Ембид објасни дека го погледнал телефонот на Амир Џонсон, бидејќи рекол дека проверува каква е состојбата на неговата ќерка која била болна.
Малку подоцна Џонсон отиде во соблекувалната.
Од штабот на Филаделфија објавија на прес-конференцијата по натпреварот дека инцидентот е неприфатлив и ќе преземат дејство според внатрешните правила.