Женскиот кошаркарски клуб Вардар трета година во низа го освои престижниот трофеј во државниот Куп откако попладнево во финалниот натпревар од овогодишното издание ги совлада противничките од Бадел 1862 со 50:40.
„Црвено-црните“ до победата стигнаа со подбра игра во второто полувреме.
За најкорисен играч (МВП) и најдобар стрелец на натпреварот беше прогласена Славица Наков од ЖКК Вардар. Таа финалето го заврши со 23 поени.
Во поразениот тим најефикасна беше Сандра Лазареска со 10 поени.