Европскиот парламент денеска ќе дискутира за владеењето на правото во Романија, стои во агендата за последната сесија на ЕП во Стразбур пред изборите за Европскиот парламент во мај.

Вечерва ЕП ќе расправа, а утре ќе гласа и за предлог закон за заштита на свиркачи.

Неодамнешните скандали, како Луксликс, „Панама Пејперс“и „Кембриџ Аналитика“ ја покажаа важноста на сигналите за откривање и спречување на прекршувања на правото на ЕУ, кои им штетат на интересот и благосостојбата на општеството, истакнаа подносителите. Со законот ќе се забранат сите форми на одмазда и ќе бидат создадени безбедни канали за известување.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2019 10:53