Екипите на Хјустон и на Милвоки поведоа со 1-0 во првиот натпревар од 1. коло во НБА плејофот.

Хјустон ноќеска во „Тојота центар“ ја совлада Јута со 122:90. Џејмс Харден со 29 поени, 10 асистенции и осум скока ги предводеше „ракетите“ до убедливата победа.

Најдобриот тим по лигашкиот дел, Милвоки бакс на домашен терен го победи Детроит пистонс со 121:86.

Јанис Адетокунбо имаше дабл-дабл ефект со 24 поени и 17 скока.

Пласман во следната етапа ќе обезбедат екипите кои први ќе стигнат до четири победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2019 11:07