Лидерот Ким Џонг-Ун можно е да ја посети Русија следната недела. Таа информација ја објави јужнокорејската агенција Јонхап, цитирајќи извори во Москва.

Според јужнокорејската агенција, „многу голема” е веројатноста Ким да пристигне во Русија кон крајот на април и да има состанок со рускиот претседател Владимир Путин, најверојатно во Владивосток.

На 26 и 27 април, Путин ќе учествува во Кина на Форумот „Еден појас – еден пат“. Според изворот, тој ќе се сретне со Ким еден или два дена пред или веднаш по форумот.

„Многу е веројатно дека средбата навистина да се одржи“, изјави соговорникот на агенцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2019 11:28