Францускиот милијардерот Франсоа -Анри Пино соопшти дека неговото семејство ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на катедралата.

-Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр-Дам, напиша Пино во соопштението до медиумите.

Пино е прв човек на компанијата Керинг, која е сопственик на познати брендови Гучи и Сен Лорен и претседателот на компанијата која ја поседува познатата аукциска куќа Кристис. Неговата сопруга е позната актерка Салма Хајек.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 10:32