Кошаркарот на Голден Стејт, Демаркус Казинс го повреди бутниот мусклу на левата нога за време на вториот натпревар од првиот круг од НБА плејофот со ЛА клиперс.

Тој го напушти теренот по неполни четири минути игра и не се врати до крајот на натпреварот.

Тежината на повредата и времето за закрепнување ќе бидат познати по медицинските испитувања кои ќе бидат извршени во следните 24 часа.

Казинс оваа сезона има просек од 16,3 поени, 8,2 скока и 3,6 асистенции по натпревар.

За потсетување, Клиперс рано утрово го победи Голден Стејт со 135:131 и изедначи на 1-1 во серијата прв до четири победи.

Следниот натпревар ќе се игра во Лос Анџелес на 19 април.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 10:58