Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас во интервју за „Фајненшл тајмс” оцени дека Велика Британија не треба да добие одложување на Брегзит по крајот на октомври.

– До октомври тие ќе мора да одлучат што сакаат, рече Мас. – Вие не можете да го одолговлекувате Брегзит една деценија”, нагласи шефот германската дипломатија.

Првично, Велика Британија требаше да ја напушти Европската унија на 29 март, но ЕУ и одобри две одложувања, со цел британскиот Парламент да обезбеди време за усвојување на Договорот за напуштањето. Прво, ЕУ дозволи Лондон да го одложи Брегзит до 22 мај, ако Парламентот го усвои Договорот за Брегзит, или до 12 април, ако не успее во тоа. Сепак, на последниот Самит пред две недели, лидерите на ЕУ се согласија на одлагање на Брегзит до 31 октомври.

Мас, сепак, истакна дека ако Обединетото Кралство побара трето одложување, ЕУ може да го протолкува тоа како „барање за останување” во заедницата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 13:05