Авион на германската Влада, без патници, принудно слета на берлинскиот аеродром Шенфелд, при што ја блокираше пистата и ги принуди ги надлежните да ги пренасочат сообраќајот.

Германското Воено воздухопловство, кое управува со државната флота, соопшти дека авионот „Бомбардие Глобал 5000“ слетал денеска на аеродромот Шенфелд поради дефект, при што двете негови крила ја допреле пистата по слетувањето.

Операторот на берлинскиот аеродром објави на Твитер дека летовите до Шенфелд се пренасочени поради „неисправен авион” на пистата.

Инцидентот се случи во текот на гужвата поради велигденските патувања. Шенфелд е еден од двата аеродроми од времето на Студената војна, кои го опслужуваат германскиот главен град. Планирано е новиот аеродром да биде отворен следната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 13:17