Турција може да внесе корекции во техничките параметри на руските противракетни системи С-400, ако САД докажат постоење на закана од нив, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Турција претходно изјави дека нема да се откаже од плановите за купување на С-400, а првата група треба да влезе во земјата во јули. САД тврдат дека C-400 системите се некомпатибилни со стандардите на НАТО. Како и дека системите С-400 можат да ја пролонгираат или откажат продажбата на авионите Ф-35.

– C-400 најверојатно ќе ги обезбедуваат стратешки важните градови на Турција и објекти во Истанбул и Анкара. Во исто време авионите Ф-35 ќе бидат распоредени во воздухопловната база во Малатија. Тие градови се наоѓаат далеку еден од друг. Ако од американска страна докажат постоење на закана, ќе направиме промени во параметрите на системите С-400, рече Акар за време на посетата на САД.

Според него, за време на неодамнешните разговори во Москва, руската страна изјавила подготвеност да и достави на Турција С-400 уште во јуни.

Коментирајќи го барањето од американска страна за поништување на руско-турскиот договор за С-400, Акар истакна дека јазикот на закана и ултиматум во дијалогот со Турција е неприфатлив.

– Договорот за системот за противвоздушна одбрана С-400 и учеството на Турција во програмата за создавање на авиони од петтата генерација Ф-35, не се поврзани меѓу себе. Комплекси С-400 се наоѓаат во Сирија, а Ф-35 е во употреба во соседен Израел. Слична е ситуацијата и во регионот на Балтичкото Море, наведе Акар.

Тој додаде дека Турција продолжува да разговара со САД за условите за испорака на системот за противвоздушна одбрана Патриот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 14:39