Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики изјави дека Махмуд Абас е подготвен да се сретне со Бенјамин Нетанјаху ако Русија биде домаќин.

– Абас е подготвен да се сретне со Нетанјаху без предуслови ако Москва биде домаќин на состанокот, наведе ал Малики за руските медиуми.

Тој додаде дека има само еден услов – повикот да потекне од претседателот на Русија, оценувајќи оти Путин е „тој што ќе создаде најдобри услови за состанокот да се одржи и да биде успешен.

Но, Малики не одговори на прашањето дали Нетанјаху сака да се сретне со Абас во Москва.

Според палестински претставници Абас и минатата година ја прифатил сугестијата на Русија да се сретне со Нетанјаху во Москва, но не сакал израелскиот премиер.

Абас и Нетанјаху последен пат се сретнаа на погребот на поранешниот претседател на Израел, Шимон Перес во септември 2016 година, кога само кратко разговарале.

Малики посочи и дека Палестинците ќе го отфрлат секој предлог за решавање на судирот ако не се признава независноста на државата Палестина.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 15:45