Дирк Новицки, кој ја прекине својата кариера пред помалку од една недела по 21 сезони во НБА со тимот на Далас Маверикс, изјави дека се гледа себе како тренер еден ден.

– По една или две години се гледам себеси како многу среќен тренер или менаџер. Сакам да бидам ментор за млади играчи и да им помогнам да го развијат начин, на кој што јас го правев, изјави 40-годишниот Германец, кој во најскоро време ќе биде примен и во „Салата на славните“ пред германското издание „Ди Цајт“

Германскиот кошаркар, исто така, рече дека повредите и болките во телото не му дозволиле да ја продолжи својата кариера барем уште една сезона.

– Она што не сакав да се случи под никакви околности, беше да се збогувам со играта, седејќи на каучот дома и да се прашувам зошто сум си го предизвикал тоа. Моето тело не беше добро, а и операцијата која ја претрпев на ногата минатата години, не ми се одрази најдобро. Знаев дека не можам да бидам во подобра форма, па решив дека сега е најдоброто време да се запре, рече Новицки.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 17:16