Нови приклучоци на фекална канализација се изведени деновиве на главната улица „1“ во Долно Лисиче.
Извршени се прекопи и се изведени приклучоци на фекалната канализација за мрежа којашто во иднина ќе се развива, со цел да се избегне прекоп на улицата што моментално се реконструира и наскоро ќе биде асфалтирана.
Градежните работи ги изведува Општина Аеродром во соработка со ЈП „Водовод и канализација“.
Општина Аеродром