Донациите од претпријатијата и од француските милионери за реконструкција на Нотр Дам надминаа 600 милиони евра, јавува дописникот на МИА.

Различните донации на големите богати француски семејства и индустриски групи за финансирање на реконструкцијата на катедралата Нотр-Дам, уништена синоќа во голем пожар, попладнево надминаа 600 милиони евра.

Семејството на наследниците на Л’Ореал , Бетнакур-Мејер и глобалниот козметички гигант денеска најавија донација од 200 милиони евра, покрај 200 милиони од семејството Арно и групата ЛВМХ, како и 100 милиони ветени од Тотал Вкупно и од семејството Пино (Керинг).



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 17:34