Градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски приреди прием на заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија Ото Граф.
На средбата во општината, посебен акцент бил ставен на можностите за капитални инвестиции од Германија.
-Поддршката и помошта од германската амбасада е многу значајна и корисна за развојот на општината и се надевам дека во блиска иднина придонесот ќе биде видлив. Благодарни сме што од нивна страна, преку финансиска поддршка од Фондот на малите проекти на амбасадата, набавена е цистерна за чистење и истата веќе е испорачана во ЈКП „Комуналец“, истакна Стојановски.
Заменик германскиот амбасадор Граф денес во Демир Хисар ги посети и Детската градинка „Втори Септември“, ЈЗУ „Психијатриска Болница“ и ЈКП „Комуналец“, селото Слоештица, како и манастирот Св. „Јован Претеча“ во селото Слепче.