Првата оперативна конференција на Европол и италијанската Управа за истрага против мафијата, насловена „Стратегијата на борбата против транснационалниот организиран криминал“ се одржува денеска и утре во Хаг.

Организираниот криминал кој ја погаѓа ЕУ е многу разнолик и се движи од големи „традиционални“ групи до помали, лабави мрежи кои поддржуваат одделни криминалци, кои се ангажирани и спонтано соработуваат. Многу организирани криминални групи се многу флексибилни и покажуваат голема флексибилност во брзината со која го прилагодуваат својот модус операнди или целокупни деловни модели кон промените во опкружувањето, се посочува во соопштението на Европол.

Нивните криминални активности се се посложени и имаат потреба од различни вештини и техничка стручност. Групите организиран криминал на највисоко ниво, исто така, ја користат корупцијата за да се инфилтрираат во организациите на јавниот и приватниот сектор, потпирајќи се на подмладување, судир на интереси, трговија со влијание и тајни договори за да ги олеснат своите криминални активности.

Целта на конференцијата е постигнување напредна меѓународна оперативна полициска соработка преку размена на информации, следење на криминалците на високо ниво и решавање на меѓународни истраги.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 20:09