Кандидатот за градоначалник на општина Охрид, Стевче Стевоски својата изборна програма ја темели на 10 приоритети според кој се ќе води како градоначалник на Охрид во скратениот мандат од две години.

10 приоритетите на Стевоски се:

- Сузбивање на урбаната мафија во Охрид и заштита на крајбрежјето.

- Охрид со некорумпирана, професионална, стручна и соодветно образована јавна администрација во служба на граѓаните и приватниот сектор.

- Утврдување одговорност и анализа на долгот на општина Охрид од околу 50 милиони евра.

- Мониторинг на градба, посебно во прва и втора урбана единица и брегот на Охридското езеро.

- Решавање на проблемот со кучиња скитници.

- Воведување ред во јавниот сообраќај и такси-превозниците.

- Изградба на улично осветлување, пешачка и велосипедска патека од хотел „Бетон“ до наколна населба Градиште во должина од околу десет километри, со цел безбедно движење на месното население, домашни и странски туристи сместени на наведениот простор каде се наоѓаат главните угостителско-туристички објекти и плажи.

- Отворање посебен фонд за финансиска подршка на ученици, студенти, социјални случаи, како и граѓани со тешки болести, а на кои им е потребна финансиска помош за лекување.

- Финаниска и друг вид помош на сите спортски, културни и други здруженија.

- Отчетност и јавност во работата на општина Охрид и јавните претпријатија оформени од општината.

*Платено политичко рекламирање



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 23:00