Кандидатот за градоначалник на општина Охрид поддржан од партијата Демократи ветува дека како градоначалник на оваа општина ќе го среди хаосот со автобусите на кој Охриѓани се сведоци.
Досегашната охридската локална власт не успеа да го реши овој горлив проблем. Паркинг – службата треба на влез на Охрид да врши прифакање на автобусите, нивно спроведување до бараната дестинација, како и воведување на времено паркирање на бараниот простор во непосредна близина на пристаништето. Тоа е еден од сегментите кои значително ќе ја подобрат комуникацијата на туристите со културните споменици во Охрид. За тоа разговаравме со професионалците кои се одговорни за сообраќајните проблеми во градот, а во соработка со нив веќе имаме оформено решение кое ќе го реализираме во најбрз можен рок, доколку граѓаните на Охрид ни ја дадат својата доверба, истакна Стевоски.
*Платено политичко рекламирање