Ученици од средните и основните училишта од Гостивар на модна ревија преставија повеќе креации изработени од материјали што се рециклираат. Ревијата е дел од активностите опфатени со програмата „Промоција на хумани вредности“ што ја спроведува гостиварската организација на Црвениот крст.

Ревијата, под мотото „Креираме модели за хумани цели” имаше хуманитарен карактер, а прибраните средства ќе бидат доделени на едно социјално загрозено семејство.

– Моделите, преставени на оваа ревија се рачно изработени од рециклирачки материјали. Нив ги изработија учениците од средните и основните училишта со нивните ментори. Целта е да креираме, рециклираме и заедно да помагаме, изјави Ангела Анѓелкоска од ОО на Црвен крст Гостивар.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2019 03:15