Соборениот од власт претседател на Судан Омар ал-Башир е префрлен во затворот Кобар во главниот град Картум, соопшти неговото семејство.

Башир од синоќа се наоѓа под строг надзор во самица, изјави неименуван извор од затворот.

Суданската војска минатиот четврток, по повеќемесечни протести, го собори од власт Омар Ал-Башир, кој владееше со Судан од 1989 година и основа Воен совет, кој ќе управува со земјата во преодниот период од најмалку две години.

На чело на тој совет првично беше назначен министерот за одбрана Ахмед Авад Ибн Ауф, кој еден ден подоцна поднесе оставка, а на негово место беше именуван генералот Абделфатах Бурхан.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2019 13:25