Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе му гостуваат на Задар во првиот натпревар од баражот за влез во АБА-лигата, во кој ќе бркаат „брејк“ кој ширум би им ги отворил вратите за враќање во елитното јадранско друштво.
Тренерот Ѓорѓи Кочов бара борбена игра за да се направи успех кај фаворитот.
Задар е одлична екипа со квалитетни поединци, кои имаат големо искуство. Натпреварот ни доаѓа во незгоден момент, по период на средби според НБА-ритам, но верувам дека сите во мојот тим ја знаат важноста на овој дуел и дека ќе дадат и повеќе од максимум, како во напад така и во одбрана. Само со таков борбен пристап ќе може да се надеваме на позитивен исход на гостувањето кај тим каков што е Задар, изјави Кочов, за клупскиот сајт.
Натпреварот почнува во 17 часот и е прв од серијата до две победи.