Инстаграм ги блокираше профилите на повеќе команданти на Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), во согласност со одлуката на САД со која ја прогласи за терористичка група.

Досега се блокирани Мухамед Али Џафари, шеф на ИРГЦ, како и двајца други високи генерали, објави новинската агенција Мехр.

Американската социјална мрежа ги блокира и профилите на англиски јазик на приврзаниците на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2019 15:17