Шведската тинејџерка Грета Тунберг, која поттикна протести на младите против глобалното затоплување, денеска имаше куса средба со папата Франциско, кој ја охрабрил во нејзината посветеност и борба против климатските промени.

– Беше многу пријателски расположен. Се насмевнуваше цело време, изјави Тунберг по средбата со поглаварот на Католичката црква.

– Му се заблагодарив на неговата борба против климатските промени. А тој ми рече: Продолжи така, Грета. само продолжи!изјави 16-годишната средношколка.

Тунберг, која поттикна протести на учениците ширум Европа, беше меѓу одбраните гости кои добија можност да се сретнат и ракуваат со папата Франциско за време на неговата неделна аудиенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2019 16:56