Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево, како гости го совладаа Задар со 89-83 и поведоа со 1-0 во бараж-серијата за настап во АБА-лигата која се игра до две победи.

Аеродромци беа одлични во нападот во првото полувреме, откако постигнаа дури 57 поени, шутот за три поени им функционираше беспрекорно (седум тројки), а во одбраната беа максимално борбени што резултира со голем број украдени топки. „Сино-белите“ за првпат да ја минаат границата од плус 20 веќе во 14 минута од средбата (44-24). Во ист стил продолжија и во третиот период, во кој тимот од Аеродром дојде и до највисока предност од 25 поени (72-47).

Потоа следеше период во кој тренерот на македонскиот тим мораше малку да ги одмори носителите на играта, што домаќинот делумно го искористи и со серија 22-9 ја намали негативата на само – 12 поени (69-81) точно на средина од последната четвртина.

До крајот задрани тргнаа на сѐ или ништо, погодија неколку тешки тројки и сериозно се доближија до МЗТ Скопје, чии кошаркари, сепак, успеаја да го издржат крајниот налет и дома да си заминат со голема победа.

Андрија Бојиќ со 24 поени и 8 скока беше најдобар во составот на „металците“, Џејмс Вудард постигна 22 поени, а Иванов средбата ја заврши со 19.

Следниот меч од серијата е закажана за следниот вторник во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2019 19:52