Градот Охрид треба во целост да го развива туризмот. За жал немаме доволно капацитети да го развиваме високиот туризам но затоа можеме целосно да се насочиме кон летниот туризам кој треа повеќе од два месеци, селскиот туризам, верскиот туризам, истакна кандидатот за градоначалник Стевче Стевоски на телевизиската дебата во пресрет на првиот круг од изборите за градоначалник на оваа општина.

Стевоски дополни дека потребно е носење на нов закон за градот Охрид како и помош од Владата на Република Македонија во туристичкиот сектор за овој град со цел привлекување на што повеќе странски туристи.

- Охрид може да оди напред само со носење на нов закон за Градот Охрид. Ако Владата на Република Македонија дава субвенции и дава финансиски средства на странски фирми во таков случај Владата на Република Македонија треба да го поддржува и туристичкиот сектор на градот Охрид. Нашиот град ќе почне да се развива само кога долгот ќе биде сведен на салдо нула, исктакна Стевоски.

*Платено политичко рекламирање



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 03:46