Дисциплинската комисија при кошаркарската Евролига ја казни ЦСКА Москва со 42 илјади евра за прекршување на правилата за финансиски фер-плеј, објави прес-службата на организацијата.

Рускиот тим е парично санкциониран, бидејќи не ја обезбеди потребната документација и не ги запази роковите утврдени со правилата на дисциплинскиот кодекс на Евролига.

ЦСКА ги прекршила правилата меѓу сезоните 2017/18 и 2018/19.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 15:35