Започна асфалтирањето на првата улица во новата населба „Пролет“ во Делчево. Ќе се асфалтираат 262 метри и ќе се поставуваат рабници со што ќе се асфалтира патот во близина на реката Габровчица, почнувајќи од старата зграда на општина Делчево.

Вредноста на инвестицијата е два милиони и 375 илјади денари, а средствата, како што информира градоначалникот Горан Трајковски, се обезбедени од буџетот на општината.

– Овој инфраструктурен проект е од големо значење за жителите кои живеат во оваа населба која е доста атрактивна и е во близина на централното градско подрачје. Решавањето на инфраструктурата ќе ја зголеми атрактивноста на населбата и ќе придонесе за подобар урбан изглед на овој дел од градот во чија близина е и Здравствениот дом и старата собраниска зграда и ќе ги мотивира сопствениците на градежни парцели да инвестираат овде во оваа населба, рече Трајковски.

Најавува дека изградбата на останатите улици во населбата „Пролет“ ќе се решава парцијално, а паралелно ќе се решава и експропријацијата.

Претходно, на оваа улица е изградена атмосферска и фекална канализација во должина од 300 метри.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 16:55