„Културата, традицијата, историјата и религијата се вредности коишто се наша гордост и треба да се негуваат. Во време кога Светот е потресен од уништувањето на катедралата Нотр Дам во Париз како дел од светското културно наследство изразувам искрено жалење затоа што културата е идентитетот и алка на духовниот континуитет. “ - истакна Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид
Градот Охрид е мозаик од културни вредности, а нашата грижа мора да биде насочена токму кон нив, додаде Милошевски.
За убав град заложбата за наследните вредности е: - Организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот; - Организација на христијанските празници Богојавление-Водици; - Помагање на традиционалното прославување на верскиот празник Св. Василиј – Василица, низ сите Урбани заедници низ Општината; - Организација на Божиќна литија; - Организација на настан „Сите кон Св. Климент“ и Свечена градска академија, - Организација на Ифтарска вечера за припадниците од муслиманската вероисповед; - Поддршка на фестивалот на Египќани.
„Сите тие наследни вредности вградени со проектите како поставување рекламни билборди со фотографии од стар Охрид, типизирани тезги, обележувањето на културни историски и археолошки локалитети со легенда, означување на локациите во стар град каде се напишани староградски песни со кратка легенда и текст, ќе бидат траен белег за Охрид. Охрид како развиена културна средина ќе биде театарска и филмска ризница од културни вредности. Нашата култура како дел од македонскиот идентитет н`е издвојува, но и н`е соединува. Таа е најсилна промоција на туризмот, а Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Република Македонија и бројните странски посетители да го спознаат бисерот на културата. 5 е бројот за победа во Охрид. 5 за културата и културните вредности. 5 за убав град, за убав Охрид. Охрид повикува!“ - истакна Милошевски