Екипата на Басконија вечерва направи големо изненадување совладувајќи ја ЦСКА во Москва со 78:68. Гостите од Шпанија го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар и сосема заслужено го изедначија резултатот на 1-1 во победи во четвртфиналната пресметка од Евролигата.
Вечерва уште играат Фенербахче и Жалгирис Каунас. По првиот меч тимот од Истанбул води со 1-0.
Двојките за утре се:
Анадолу Ефес – Барселона и
Реал Мадрид – Панатинаикос.
Реал и Ефес водат со 1-0 во серијата прв до три победи.