Најдобриот тим од Западната конференција и бранителот на шампионскиот трофеј во НБА-лигата, тимот на Голден стејт рано утрово триумфираше на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс со резултат 132:105 и поведе со 2-1 во осминафиналето од плеј-офот.

Водство од 2-1 во победи ноќеска обезбедија иФиладелфија и Сан Антонио.

Резултати на другите два натпревара играни ноќта меѓу четврток и петок: Бруклин – Филаделфија 115:131 Сан Антонио – Денвер 118:108.

Предност со 2-0 во серијата прв до четири победи во 1.коло од разигрувањето за титулата имаат Милвоки против Детроит, Бостон над Индијана, Портланд против Оклахома и Хјустон во пресметката со Сан Антонио.

По две средби кај последната осминафинална двојка која ја сочинуваат Торонто и Орландо, резултатот е изедначен 1-1.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 10:28