Центарот Двајт Хауард ја искористи можноста за продолжување на договорот со НБА-лигашот Вашингтон за следната сезона.
Триесет и три годишниот кошаркар за сезоната 2019/20 ќе заработи 5,6 милиони долари, објави „ЕСПН“.
Оваа сезона Хауард одигра само девет натпревари, остварувајќи просек од 12,8 поени и 9,2 скока по натпревар.
На крајот на ноември 2018 година, центарот беше подложен на операција на два пршлени и повеќе не заигра до крајот на првенството.