Кандидатот за градоначалник на Охрид, Стевче Стевоски во дебатното соочување со останатите кандидати на ТВМ Охрид, за проблемот со инфраструктурата ги обвини локалните власти дека не преземаат ништо за подобрување на патната инфраструктура во Охрид особено во оние делови од градот каде што нема гласачи.
- Од избори на избори само се ветува, само се гради, само се доградува и тоа само онаму каде што има гласачи. На потегот од Бетон до Свети Наум на улицата нема гласачи. И затоа е во катастрофална состојба. А таа улица треба да биде осветлена целата, да има тоалети, да има вода, да име пешачка патека, да има велосипедска патека. Да се исчисти само ѓубрето и трњата од страните, таа улица ќе свети, истакна Стевоски.
*Платено политичко рекламирање