При денешното обраќање, кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски, посочи дека човек е успешен доколку е опкружен со среќни и задоволни луѓе и дека целиот негов живот го посветил работејќи со луѓе, помагајќи да ја остварат својата среќа.

„Во животот се исправив пред уште еден предизвик, а тоа е можноста да помогнам на Охрид и охриѓани, нашиот град да биде поубаво место за живеење. Успехот е резултат на посветеноста, на одговорниот однос, на дисциплината, на знаењето, на вештините. Стремежот кон успех мора да е континуиран, само така се достигнува целта. Како човек што живее во Охрид, не се откажувам никогаш, се трудам да ги остварам целите, да ја оправдам довербата. Охрид мора да е убав. Охрид мора да функционира. Градот мора да се развие, бизнисот да функционира, да има приходи и да има успеси.За градот, за секој еден во Охрид и Охридско. Зад програмата За убав Град која има прецизни рокови на реализација стои мојот збор и углед, а луѓето кои ме познаваат знаат дека тоа ми е најважно.Одберете напредок и резултати, а јас во мојот живот сум покажал дека можам и умеам да создавам и правам добри дела. Овој пат заеднички да направиме добри дела за поубав Охрид.Имаме сила. Верувам во вас, верувајте во мене. Ме знаете, се познаваме долго. Заеднички успех е поголем успех. Споделена радост е поголема радост. Со заеднички труд резултатите ќе бидат поголеми. За нас, и за нашите деца на 21 април да го заокружиме бројот 5.5 за убав град! Охрид повикува! Благодарам!“ - истакна Милошевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 17:47