По вчерашното известување од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој за започнување на рокот за субвенции од денеска земјоделците веќе можеа да се пријават во подрачната единица на МЗШВ во Велес и да аплицираат за субвенции за 2019 година.

Рокот за аплицирање ќе трае до 30 мај.

Како што информира за МИА, Зоран Наковски раководител на ПЕ на МЗШВ во велешкиот поширок регион во кој се вклучени Општина Велес,Општина Градско и Општина Чашка има околу 2.300 земјоделци.

-Ги повикуваме земјоделците да дојдат и што поскоро се пријават за субвенции и да не ги чекаат последните денови за пријавување за да не се создаде непотребна гужва во подрачната единица. Иако пријавувањето може да биде и електронски, најголем дел од земјоделците пријавувањето на субвенции го прават во нашите простории на Подрачната единица на МЗШВ во Велес, појасни Наковски.

Од ПЕ на МЗШВ воедно ги потсетуваат сите апликанти за субвенции по аплицирањето и добивањето на примерок, добро да ги проверат напишаните податоците. Тие имаа можност ако има одредени отстапувања во рок од 30 дена од денот на аплицирањето, да ги извршат потребните корекции на податоците.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 18:31