Еден од главните приоритети на мојот двегодишен мандат ќе биде локалната општинска полиција која ќе работи 24/7 и преку која верувам дека ќе се воведе ред во хаосот кој владее во Охрид, вели кандидатот за Градоначалник на општина Охрид Стевче Стевоски.

- По стапувањето на градоначалничката функција, моја прва цел ќе биде ќе биде оформување на општинска локална полиција кој ќе има неограничени овластувања, ќе работи нон-стоп во три смени, а ќе биде насочена кој примена на надлежностите од Комуналната инспекција, сообраќајната, градежната и туристичка инспекција со што ќе се воведе ред во општината Охрид, вели Стевоски.

*Платено политичко рекламирање



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 19:08