Како што ветивме, Министерството за труд и социјална политика направи законски измени со кои се дава можност рударите да одат во старосна пензија и со навршување на 40 години стаж за мажи, односно 35 години стаж за жени, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, при денешната работна посета на Македонска Каменица.
Царовска оствари средби со градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова, со рударите, а ги посети и Центарот за социјални работи, градинката и Дневниот центар за лица со попрченост.
Таа на средбата со рударите рече дека прдлог-измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се овозможува на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.
– Дневните центри како овој во Македонска Каменица но и во другите градови значат многу за зголемување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост. Во центарот има програми за индивидуална работа за секое лице, а се работи и во група и со родителите на корисниците, наведе министерката при посетата на Дневниот Цантар за лица со попреченост.
Потенцираше дека со законот за социјална заштита којшто е во собраниска процедура се унапредуваат правата на лицата со попречености и се воведуват нови услуги кои треба да им го олеснат индивидуалниот живот.