Кандидатот за градоначалник на општина Охрид, Стевче Стевоски кој на овие избори е поддржан од партијата Демократи вели дека од Охрид ќе направи град со кој ќе се гордеат сите Македонци.
- Охрид ќе биде град на светлината, културата, спортот, хуманизмот, безбеден град со регулирана јавна бучава односно град во кој граѓаните и приватниот сектор ќе бидат пред се, вели Стевоски.
Тој додава и дека добро е запознаен со проблемите со кои се соочува градот Охрид и ветува дека од првиот ден на мандатот ќе пристапи кон нивно решавање.
- Проблемите со кои се соочува локалната самоуправа ми се добро познати и истите се во доменот на моето соодветно образование и познавање на приликите во општината. Заради разрешување на тие напластени проблем ќе бидат ангажирани најдобрите архитекти, економисти, правници екологисти, туристички работници и други професионалци при што општината ке биде во функција на граѓаните и приватниот сектор, додава Стевоски.
Стевоски дополни и дека знае како од Охрид да направи убаво место за живеење.
- Охрид е жив град и мора да живее за денес и утре. На темелите на славното минато ќе изградиме блескава иднина. Да застанеме заедно против моќниците и да ги поддржиме младите за својата иднина да ја гледаат тука, во Охрид, порача кандидатот за Градоначалник на Охрид, Стевче Стевоски непосредно пред гласањето на локалните избори во Охрид во недела.
*Платено политичко рекламирање