Во кинескиот град Шангај во ноември ќе биде одржан вториот Кинески меѓународен саем за извоз и увоз (ЦИИЕ), на кој ќе бидат изложени голем број производи за широка потрошувачка.
Како што соопшти заменик – директорот на Саемот, Лиу Фуксу на ЦИИЕ годинава ќе се претстават повеќе мали и средни претпријатија од областа на информатичката и технологијата на виртуелната реалност, а ќе бидат изложени нови производи, технологии и услуги.
Саемот, чие свечено отворање е предвидено за 5 ноември, годинава ќе се одржи на површина од 300.000 квадратни метри.
Учество на саемот досега најавија над 900 компании од 77 земји.