Почитувани приврзаници, членови и симпатизери

Иако работевте во сенката на претседателските избори, ви честитаме на преданоста и професионалниот однос на сите вас кои бевте дел од кампањата на Михаил Трендафилов-Нанче и овозможивте и тој и Граѓанско Демократската Унија да бидат претставени во најдобро светло пред охриѓани.

Посебно сме задоволни од нашиот кандидат за градоначалник на Охрид, кој несебично се вложи себеси во оваа кампања и покажа дека се може и поинаку, може и подобро.

Колку и некому да му изгледа „скромен” изборниот учинок на Михаил Трендафилов-Нанче и ГДУ, тоа не го менува фактот дека тој резултат е надеж за промени, би додале и невообичаено сериозни промени. Граѓаните одбиваат да бидат статисти во политичките процеси контролирани од „политичките елити”.

Затоа резултатите од оваа кампања ги сфаќаме сериозно и благодарно, особено што ова беше самостоен настап на ГДУ, двајцата водечки кандидати зад себе имаат редици и редици од „партии”.

Конечно, има ли подобар начин во дело да се промовира мотото на Граѓанско Демократската Унија – Не се обидувај да ме газиш!

Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2019 19:02