ЈП „Комуналец“-Битола со креативен пристап на својот „Еко Центар“ и со поддршка на учениците од основните и средните училишта во градот, го одбележа Денот на планетета Земја.
Според програмата, еко-акциите се одржаа на пет различни пунктови во градот, односно во Старата битолска чаршија, плоштадот „Магнолија“, кај хотелот Епинал, Офицерскиот дом и во „Нов Пазар“ во Битола.
– Ученици и нивните наставници делеа летоци на кои е прикажан начинот на селектирање на отпадот, но исто така на минувачите им појаснуваа како тоа да го прават. Во акцијата се вклучија и невладини организации и сите заедно придонесуваа за чиста животна средина, информираа организаторите на денешниотеко настан во Битола.
Годинешната акција посветена на Денот на планетата Земја се реализираше под мотото „Направија планетата среќна – селектирај паметно!“.