Општина Крушево набави минибус преку проектот на Светска банка за развој на авантуристички туризам. Со новиот минибус ќе се врши превоз на учесниците на меѓународни натпревари во параглајдинг кои секоја година се одржуваат во Крушево.

– Реконструкцијата на спортската сала е во тек, посетивме два меѓународни саеми и изработуваме поромотивни материјали за Крушево како дестинација, а еве пристигна и возилото за превоз на параглајдеристите и змајарите. Продолжува имплементирањето на проектот преку Светска банка и општина Крушево реализира активности и проекти за поттикнување на посетеноста во Крушево – изјави градоначалникот Томе Христоски.

Во рамките на овој проект во тек е реконструкцијата на спортската сала во Крушево и проширување на нејзината намена.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2019 19:26