Припадниците на АРМ денеска го одбележаа патрониот празник на касарната „Јане Сандански“ во Штип. Мирче Тасев команднат на касарната „Јане Сандански“- Штип во својот говор истакна дека со формирањето на македонската Армија во 1992 година касарната „4 Јули“ во Штип го доби името на македонскиот револуционер Јане Сандански.

Денеска нашата единица претставува воена сила достојна за почит, пополнета со професионален персонал обучен и извежбан за извршување на борбени задачи во сите услови и во согласност со стандардите на земјите членки на НАТО. Опремени сме со борбени и неборбени средства, што овозможуваат успешно извршување на дадената мисија, а таа е одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, учество во операции за поддршка на мирот предводени од НАТО надвор од границите на државата и давање помош на населението при отстранување на последици од елементарни непогоди и други несреќи, рече Тасев.

На одбележувањето на патрониот празник на штипската касарна „Јане Санадански“ присуствуваа претставници на општините од источниот регион, државни и локални институции, како и членови на Општинската организација на Сојузот на борците.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2019 19:44